понеделник, октомври 27, 2008

Varna Sk8Park Update

Роди од FlySkateboards ми прати линкови од Sk8паркот што се гради во нивниот град и од уште еден Sk8парк во Констанца, Романија кој се наодја на околу саат и пол вожња од Варна. Заклучок: Одговорните ликови во другите градови се грижат за потребите на својата младина (обратнопрoпорционално на нашиов случај тука). По сликите би требало да биде поголем од Белградскиот и имаме покана уште од сега за присуствување на свеченото отворање кое би се случило по нивни проценки на пролет. We are there!!! За галерија кликнете на следниов линк: http://flyskateboards.net/bg/galery.html/category-6/page1

flip out

Етикети:

петок, октомври 24, 2008

Neznam Di Teram

Време: млако, супер за скејт. Локации: Kej, БТ, МНТ, и сите останати што ги знаете. На гости дојдоа двајца другари од Белград, Паја и Пуфи кои патем го буткаат скејтбордингот со КОБА33 и Четникс во Србија а и една мала емисија за екстремни спортови наречена: NEZNAM DI TERAM. Вчера се снимаше за истата, падна опасна вожња на БТ, која итекако се замрзна во фрејмови :) Паја растури BTW (идемо бркaти) *клик на сликата за галерија

flip out

Етикети: ,

3 Comments:

At 2:01 претпладне, Anonymous marko rece...

jako jako nema so :)

 
At 9:25 претпладне, Anonymous sarf rece...

здраво!

 
At 2:01 претпладне, Anonymous borow rece...

dobri fotki!
btw..mestovo e ludnica!!!

 

Објави коментар

<< Home

среда, октомври 22, 2008

Pirates mag OUT NOW!!!

Ете се деси и тоа - Pirates mag. конечно во продажба! 

После долги најави и макотрпна работа мег-от е достапен и може да се набави во Охридскиот skate-shop Pirates(од каде што е и името на списанието) за цена од 100 ден.Списанието конкретно е работено од Андреј(газдата на Pirates),и опфаќа елементи како од светската скејт сцена,така и од домашната,подетално може да се види и за Охридскиот скејтбординг,самиот скејт како една урбана култура и неговата поврзаност со духот на секој поединец што го ужива задоволството наречено SKATE! 

Како подарок има и ЦД-компилација со добар панк/рок..
so,dont waste your time..go & buy it!

П.С. Се надевам мег-от ќе го има и во Скопје :)

позајмено од http://www.stsk8crew.tk/

flip out


Етикети:

4 Comments:

At 1:57 претпладне, Anonymous borow rece...

za Skopje se nadevam i ja..ali ne znam..to so Andrej najdobro prajte muabet...
zasho i tuka mislam deka e pri kraj veke..ali koj znae mozhe ke ima Issue #2 x)

pozzz

 
At 10:31 попладне, Anonymous Анонимен rece...

Za skopje, zinot mozhe da se nabavi kaj Tate vo Drop In SS sproti dragstor Beti. Kolku kopii ima ostaveno, kako shto neznam da vi kazham.

 
At 7:54 попладне, Blogger andrej rece...

prvo blagodarnost do editorite na blogot (mate) shto ja spodelija informacijata so javnosta...

nekolku ispravki samo na infoto na struga sk8 crew, zinot sodrzhi nastni samo od domashnata skejt scena, potochno samo od sluchuvanjata na ohridskata skate scena letovo... tirazhot na zinot e ogranichen na 50 primeroci, mozhe da se najde vo pirates s.s. ohrid i kako shto reche ludo vo drop in s.s. vo skopje.. na cd-to ima muzika od stari skejt videa voglavnom bendovi koi se pojavile na videata na legendarnata h-street!

za shto stanuva zbor mozhe da poglednete na http://www.myspace.com/piratesmag

idei, poplaki i pofalbi na pirates.s.s@hotmail.com

se nadevam ke uzhivate vo izdanieto...

pozdrav, ljatkovski!

 
At 1:19 претпладне, Anonymous borow rece...

okej okej..nasheto info e spored Ohrid Skate Crew..x)..kako sho kazhaa dechkite - taka se napisha...keep it real!

 

Објави коментар

<< Home

четврток, октомври 02, 2008

Белград SK8 Парк / Контест 2008


16.00PM. Петок. Време: Променливо облачно. Се собираме еден по еден и тргаме за Белград. По пат истура дожд, мрачно, лошо време, меѓутоа некако не не допира, колата неуморно си го јаде патот до градот и сите сме фокусирани на дешавката што следува во Белград: SK8 Парк и контест со најдобрите возачи од Балканов! 11.30PM. Пристигаме во Белград и се наоѓаме со Шмиргла кој не носи во неговата гајба, да се видиме и посмееме. 01.00AM. Се наоѓаме со Димац (РЕСПЕКТ), се сместуваме и фаќаме магла на журка до рани утрински часови. 11.30AM. Сабота. Иако уморни од патот и непроспиената вечер, стануваме набрзинка како да сме супер одморни и правец SK8 парк...После Бранков Мост, десно, не очекуваше глетка што секој би ја посакал и во Скопје, Скејтпарк од светски размери...Mini Ramp, Quarterpipes, Banks, Manual and Grind Boxes, Funbox x 2, и листата оди натаму и натаму...Подлогата е како бебешко газе а елементите се изведени од IOURamps, фирма која се занимава со призводство на елементи за екстремни спортови. Големо отварање на кое се обрати и градоначалникот на Нов Белград, благодарен за идејата на скејтерите за облагодарување на местото кое зјаело така празно...Од обвинетите балкански скејтери беа присутни скоро сите освен другарчињата од Бугарија, но ќе има и нареден пат за тоа :) Пушиќ, Фио, Дејчи, Тими, Паја, Бранислав, Крагељ, Томжи, браќата Марас, Куна, Дукс, Ервин, Шмиргла, Михајло, и многу други скејтери и беемиксери од цел Балкан. Србите се покажаа како број 1 домаќини, контестот беше организиран беспрекорно со Тимјах позади микс пултот и концерт по завршувањето на контестот. Да не навлегувам во тоа што кој трик направил, можам да кажам дека натпреварувачите растурија со трикови низ цел скејтпарк, ПРАЗНИК ЗА ОЧИ што би рекле. После оваа дешавка, Белград дефинитивно се стави на мапа како еден од градовите каде би можело да се одржи и Европски Скејтборд Куп. Well...Има и најава за затворен скејтпарк со Vert и други елементи изработени од IOURamps на само некои 300-400 метри од постоечкиот скејтпарк. Cool, не? Така да, ние може само да сонуваме за вакво нешто кое може да се оствари не со ентузијасти скејтери, него со цврст став на градот како главен двигател на изработка на место за малку поалтернативен спорт...Огромна благодарност иде кон Димац и Маријана што не прибраа како дома, Паја, Шмиргла и BGDSK8Crew, и сите за нивната подршка кон овој вид на алтернативен спорт. Белград е на 5 саата возење од Скопје така да, одиме пак СИГУРНО! * клик на сликата за галерија.

flip out

Етикети: ,

7 Comments:

At 12:44 попладне, Anonymous joci rece...

auuu kakvi fotki kakov skejtpark mamu ti jebem!

 
At 8:54 попладне, Blogger pero rece...

zakon bese se, mora da se ide pak sk8 parkov e ludilo

 
At 6:40 попладне, Blogger extreme64 rece...

Video
http://www.youtube.com/watch?v=TXrJzQGPz9U

 
At 11:59 попладне, Blogger pero rece...

ej me ima na klipot so fs slide i nosgrind hahahaah

 
At 12:06 претпладне, Blogger flip rece...

vrlo lepo, vrlo fino :)))

 
At 3:27 претпладне, Anonymous borow rece...

јоу багра..чек дис аут ко ке имате време..поздрави од градот на “поезијата„

www.stsk8crew.tk

 
At 12:53 попладне, Blogger flip rece...

Keep up the good work и еве едно линкче до вас :)

 

Објави коментар

<< Home