четврток, октомври 02, 2008

Белград SK8 Парк / Контест 2008


16.00PM. Петок. Време: Променливо облачно. Се собираме еден по еден и тргаме за Белград. По пат истура дожд, мрачно, лошо време, меѓутоа некако не не допира, колата неуморно си го јаде патот до градот и сите сме фокусирани на дешавката што следува во Белград: SK8 Парк и контест со најдобрите возачи од Балканов! 11.30PM. Пристигаме во Белград и се наоѓаме со Шмиргла кој не носи во неговата гајба, да се видиме и посмееме. 01.00AM. Се наоѓаме со Димац (РЕСПЕКТ), се сместуваме и фаќаме магла на журка до рани утрински часови. 11.30AM. Сабота. Иако уморни од патот и непроспиената вечер, стануваме набрзинка како да сме супер одморни и правец SK8 парк...После Бранков Мост, десно, не очекуваше глетка што секој би ја посакал и во Скопје, Скејтпарк од светски размери...Mini Ramp, Quarterpipes, Banks, Manual and Grind Boxes, Funbox x 2, и листата оди натаму и натаму...Подлогата е како бебешко газе а елементите се изведени од IOURamps, фирма која се занимава со призводство на елементи за екстремни спортови. Големо отварање на кое се обрати и градоначалникот на Нов Белград, благодарен за идејата на скејтерите за облагодарување на местото кое зјаело така празно...Од обвинетите балкански скејтери беа присутни скоро сите освен другарчињата од Бугарија, но ќе има и нареден пат за тоа :) Пушиќ, Фио, Дејчи, Тими, Паја, Бранислав, Крагељ, Томжи, браќата Марас, Куна, Дукс, Ервин, Шмиргла, Михајло, и многу други скејтери и беемиксери од цел Балкан. Србите се покажаа како број 1 домаќини, контестот беше организиран беспрекорно со Тимјах позади микс пултот и концерт по завршувањето на контестот. Да не навлегувам во тоа што кој трик направил, можам да кажам дека натпреварувачите растурија со трикови низ цел скејтпарк, ПРАЗНИК ЗА ОЧИ што би рекле. После оваа дешавка, Белград дефинитивно се стави на мапа како еден од градовите каде би можело да се одржи и Европски Скејтборд Куп. Well...Има и најава за затворен скејтпарк со Vert и други елементи изработени од IOURamps на само некои 300-400 метри од постоечкиот скејтпарк. Cool, не? Така да, ние може само да сонуваме за вакво нешто кое може да се оствари не со ентузијасти скејтери, него со цврст став на градот како главен двигател на изработка на место за малку поалтернативен спорт...Огромна благодарност иде кон Димац и Маријана што не прибраа како дома, Паја, Шмиргла и BGDSK8Crew, и сите за нивната подршка кон овој вид на алтернативен спорт. Белград е на 5 саата возење од Скопје така да, одиме пак СИГУРНО! * клик на сликата за галерија.

flip out

Етикети: ,

7 Comments:

At 12:44 попладне, Anonymous joci rece...

auuu kakvi fotki kakov skejtpark mamu ti jebem!

 
At 8:54 попладне, Blogger pero rece...

zakon bese se, mora da se ide pak sk8 parkov e ludilo

 
At 6:40 попладне, Blogger extreme64 rece...

Video
http://www.youtube.com/watch?v=TXrJzQGPz9U

 
At 11:59 попладне, Blogger pero rece...

ej me ima na klipot so fs slide i nosgrind hahahaah

 
At 12:06 претпладне, Blogger flip rece...

vrlo lepo, vrlo fino :)))

 
At 3:27 претпладне, Anonymous borow rece...

јоу багра..чек дис аут ко ке имате време..поздрави од градот на “поезијата„

www.stsk8crew.tk

 
At 12:53 попладне, Blogger flip rece...

Keep up the good work и еве едно линкче до вас :)

 

Објави коментар

<< Home