понеделник, декември 25, 2006

TOY MACHINE - SUFFER THE JOY


Hey what up! Излезе и ново Toy Machine видео, и тоа не помина многу време од предходното Good & Evil. Suffer The Joy е направено во исти стил као и предходното, пак е такво по панкерско и без многу дрвење, затоа Toy Machine видеа највеке ми се свиѓаат! (го памтите Wellcome to Hell!???hahaha). Да не должам многу тимот е истиот, Ed fucking Tempelton уше вози, и плус има едно ново дете, али за него подоцна. Видеото почиња со Matt Benett, кој разара со возење switch на видеово, switch flip 50-50 си праи во серија као од шала. Ги праи тие неговите backside to switch smith grind на handrial, али на видеово праи и еден нов трик со го неам видено до сеа на видео backside 180 to switch backside grind на handrial шипка.... доста е тешко тоа! Втори е Austin Stephens, карактеристично возење за него, лагано вожња, бо стилот на легендата Nate Jones, впрочем и таков му е flip-от, ептен го лепи! После иде Josh Harmony, незнам со да кажам за него, handriali, bankovi, серии, скали на се ебава матер, нема што многу да се коментира. Ed Tempelton пак се појавува на видеово иако има сигурно преку 40 години, али уште вози и неможе да помине Toy Machine без негов noseblunt, feeble или impossible!!!! Уште е mathafaka скејтер се поштува тоа!!! За Billy Marks ке кажам само kickflip frontside и kick flip backside nose grind на ист handrial, мислам после тоа треба слободно да го извадат!!! Diego THE BUTCHER вози цело време као манијак, праи трикови со огромна брзина и рипа цели улици и gap-ови као ненормален, мислам дека сите го знаеме каков скејтер е, нема што да се објаснува повеке. Сакам да го спомнам Nick Trapasso, ја прв пат го глеам на видеово и се зачудив! Дечково има неверојатен pop, коа рипа на handrial има време да се намести убаво зашто има добар pop, затоа секој трик му изглеа леснотија!!!!! Ќе гледаме уше многу од него сигурно. И на крај е Johny Layton....... доволно познат, скали, handriali, switch, серии све разара!!!!! Тоа е тоа симнете си го од интерент ако можете, ако не можете нека пише некој ке му го снимам!!! ајде поздрав Pero live to skate, skate to live

Етикети:

1 Comments:

At 11:23 претпладне, Blogger flip rece...

Bogami niedno toy machine video ne pominue bez ed templeton...

 

Објави коментар

<< Home

среда, декември 20, 2006

SKATE SESSION !!!

За онија кои не чуле и виделе, мало потсетување за НЕДЕЛА за во Лисиче...Јеа бејбе скејт ол деј, ворк ол најт, дроп дет бомб бич, скејт хард нигаз, лов ју пинатс!!!

Се глеаме...

Етикети:

2 Comments:

At 10:39 претпладне, Blogger peenuts-igor rece...

Поштовање Мате ! Се гледаме таму

 
At 11:54 претпладне, Blogger flip rece...

NP, man. :)

 

Објави коментар

<< Home

сабота, декември 09, 2006

SPERMBIRDS

Во далечната 1983 во еден мал град во германија, Kaiserslautern, Lee Hollis(вокали), Matthias Götte (тапани), Markus Weilemann (бас), Frank Rahm (гитара) and Roger Ingenthron (гитара), одлучуваат да си основаат бенд. Водени од звукот и директното влијание од пункоини како Wire, The Ruts, Angelic Upstarts или Buzzcocks, какo и една група на бендови од америка со нова идеја за пунк-от како Minor Threat, Black Flag or Agent Orange, Spermbirds се родени. Една година подоцна прават 7“ сплит со Walter Elf, “Don´t forget the Fun“ кој во денешно време може да се каже дека е еден вид на примерок за во колекција. На овој сплит се наоѓа и легендарната “ My God rides a Skateboard“ која стана своевидна скејт химна за тогашна растечка германска скејт сцена.

Во 1985 го снимаат првиот албум “Something to prove“ за We bite Records во германија , Boner Records во америка и Manic ears records во британија. На албумов има опасни класики како “Try again“, “Americans are cool“, “You`re not a punk“ итн. Денеска “Something to prove“ се именува како еден од највлијателните и најдобро познати хардкор албуми. Со следниот нивен албум “Nothing is easy“, Spermbirds само ја потврдуваат нивната репутација како еден од најенергичните и најдобри хардкор бендови во моментот. После овој албум бендот се разделува по прв пат, од причини што на нив и ден денеска не им се познати.

Откога увидуваат дека животот со Spermbirds им е по-исполнувачки, решаваат да се состават пак и после неколку месеци пројдени во студио, светлината на денот ја здогледува третиот албум на Spermbirds наречен “Common thread“. На овој албум Spermbirds се откриваат повторно во својата спорост и тежина, по што нивниот звук понатамо зема нова дирекција во своето постоење. Песните од типот на “Melt the ice“ или “Only a phase“ се рани примери на оној вид на музика кој подоцна ќе стане “crossover“. Во 1989 одат на 9 дневна турнеја низ германија, холандија и белгија каде сите нивни свирки се однапред распродадени.

Следната “Common Thread-Tour“ турнеја ја помина скоро цела европа, франција, германија, холандија, енглеска, белгија, италија, чешка, со 47 свирки закажани во 49 денови, Spermbirds повторно докажаа дека се еден од најдобрите и најмоќните live-act бендови кои своите свирки заедно со своите фанови ги претвараат во ептен доби журки. Мене во музички поглед Spermbirds ми оставија неизбришлив печат кој на некој начин влијаеше на моето мислење за сите понатамошни бендови кои сум ги слушал. Ако не сте ги слушнале досега можете за нив да дознаете ама баш се, на www.spermbirds.de.

My God REALY rides a Skateboard :)

Flip out

Етикети:

2 Comments:

At 6:24 попладне, Blogger pero rece...

posle common thread mislam ne treba da se prai muabet za hardcore...

 
At 10:14 попладне, Anonymous Joci rece...

kaj ste be lugje ve snema daj pisete neso novo na sajtov da vi eeeem...:) pero e kurva

 

Објави коментар

<< Home

петок, декември 01, 2006

Plan B Skateboards

Во 1991 Скејтбордингот влегуваше во нова ера на експанзија. Некои од најдобрите про скејтери одлучија да формираат нова компанија која ќе биде различна од дотогашните компании и која на некој начин ќе ги рефлектира нивните лични ставови и погледи на скејтбордингот. Компанијата што ја оформија се викаше PlanB. Лидерot на овој проект беше Mike Ternasky и другарите: Danny Way, Matt Hensley, Mike Carroll, Sean Scheffey и Rick Howard. Plan B го освои светот на скејтбордингот во еден замав со нивните квалитетни видеа и продукти, и го сменија начинот на кој дотогаш беа водени скејт компаниите. Со додавање на квалитетот на тимот со фаци како Colin McKay, Pat Duffy, Sal Barbier, Ronnie Bertino и Jeremy Wray во 90-тите, Plan B израсна во компанија со која се споредуваа сите други скејт брендови...Во 1994 се случи трагедија во која Mike Ternasky го загуби животот и Plan B остана во рацете на Danny Way и Colin McKay. Двајцата продолжуваат да ја водат компанијата и покрај тешката загуба на својот пријател и лидер. Покажувајќи се како претешка работа за двајцата, покрај нивните професионални кариери, решаваат привремено да го стават Plan B на страна - Се досега. Во 2005, во соработка со Syndrome Distribution, PlanB беше обновена со нов елитен тим од скејтери како Paul Rodriguez, Danny Way, Colin McKay, Ryan Gallant и PJ Ladd [wow]. Со истите идеи и ставови како и секогаш, Plan B ги промовира најдобрите продукти и НАЈдобрите скејтери во историјата на скејтбордингот. Мене лично овој тим со нивното "Questionable" видео ме натера да го засакам скејтот како форма на живот, како нешто кое е неразделно со слободата на духот...а и да не праам муабет дека ден денеска е најдоброто видео некогаш направено, најверојатно на врвот заедно со "Video Days" на Blind и "Hokus Pokus" на H-Street.

Етикети:

7 Comments:

At 8:24 попладне, Anonymous marko rece...

jeee, dec vat i'm taking about.. i za mene questinable bese the one. kakvo video ej.. plen b dali ke uspeat da go izguraat po vtorpat kojznae.. tek treba da izbacat prvo video i sl. a i sea skejtbordingot e mnogu razlicen od togas. skroz druga rabota e. mnogu e potesko da napraat nesto razlicno i progresivno kako sto naprija togas. sea izlagaat po 10 videa mesecno. togas po 2-3 godisno pa i toa bese mnogu. u sekoj slucaj timov sto go sobrale e parce.

 
At 9:11 попладне, Blogger pero rece...

i plus vozat BRIAN WENNING i DARELL STANTON, partali......

 
At 9:20 попладне, Anonymous marko rece...

pj ladd posle "..horrible life.." ili kako se vikase videoto odma go sobraa vo timot na flip. ama stom se oformi plan b povtorno bez razmisluvanje se prefrli. posto kako sto vika u edno intervju, i za nego "the questionable video" e videoto poradi koe vozi skejt denes. a interesno e sto od ponovive videa vo "pj ladd horibble life" go imam zabelezano toj duh sto go ima vo "questionable video" i verojatno za nekoi novi skejteri toa video e pricinata poradi koja vozat skejt :) mislam deka pj ladd e eden od retkite ponovi skejteri koj e od kov-ot na prviot tim na plan b i vozi kako sto vozele togas. mislam na nacinot na koj sto vozi i trikovite sto gi prai se progresivni kako sto bea progresivni trikovite sto gi pravea na questionable... verojatno ima i drugi skejteri samo sega se rashtrkani po razni timovi i ne ostavaat tolkav vpecatok kako sto ke ostavea ako bea vo eden tim kako plan b na vremeto. uh.. se raspisuvav epten:) me pogodi u srce mate so postov za plan b i questionalbe:) pozdrav!

 
At 9:30 попладне, Blogger flip rece...

peer ti me potseti...PlanB ejjjjjj...ti teknue? epten dobro + moze za niv da se pisue i pisue...pozdrav pa javi se e....e!!!

 
At 9:51 попладне, Anonymous marko rece...

да да спремам една сторија за плен б нешто како од х-стреет настанал плен б па од плен б настанал girl. и за ембаркадеро исто ... најлегендарниот скејт спот во светот! :) како била сцената таму и слично. ептен било хц, имало локални скејтери и кој ќе дое нов го пиел боксот. :) требало да се докаже со време за да го прифатат.. нешто ко догтаун и з-боиз. :)
- ќе се јавам, ама по цел ден сум на работа, од утре и во сабота.. ај недела нешто за на вожња малце:)

 
At 2:25 попладне, Anonymous brbrbrrr rece...

abe ke ima nekoj na kej od 6 do8
denes nedela

 
At 4:13 попладне, Blogger flip rece...

mislam deka so vremevo ko sto e -1 nema da ima nikoj, sorry.
Mozesh na Viktor da mu se javish vo Lisice ima zatvoren prostor za vozenje.
Hope this helps.

 

Објави коментар

<< Home

MUSKA ON ELEMENT!!!!!!


Еден од најголемите легенди во скејтбордингот и поранешен најдобар street skater на светот Chad Muska, почна да вози за Element Skateboards! Ова стварно ме изненади, бидејќи сите знаеме дека Shorty's Skateboards беше негова фирма и возеше долг период за неа. Која е причината за ова стварно незнам, или можеби Shorty's Skateboards се распаѓа и нема више да постои!?!?!?!? Останува само да видиме... Проверете:
www.elementskateboards.com
www.themuska.com

Етикети:

3 Comments:

At 12:41 попладне, Blogger flip rece...

dobar tim element imaat sobrano bogami...uste muskata im falese...:)

 
At 9:05 попладне, Anonymous marko rece...

abe nemoze i da vodi firma i da vozi skejt pro.. istoto so se sluci so plan b koa probaa da go vodat danny i colin posle smrtta na ternasky. ednostavno nema vreme :) ili vozis skejt ili se bavis so skejt industrija/media. i dvete zaedno nemoze. odnosno moze ama u ednata rabota mora da se vneses pomalce nego u drugata i avtomatski se gubis. danny i colin sea pak probuvaat ama za da uspeat ke mora da se povlecat poleka od pro skejtingot, da soberat novi skejteri a oni da ja vodat firmata. plan b bese uspeshna skejt firma zaso mike ternasky ja vodel a ne vozel pro a timov vozel a ne vodel firma. sekoj si ja prael rabotata vo koja e najdobar i se nashle zaedno. so smrtta na ternasky se izgubi celiot toj duh i energija i zavrshi taa era od skejtbordingot. veke na "second hand smoke"- poslednoto video od plan b, se primetuva deka nema duh vo vozenjeto.

 
At 9:32 попладне, Blogger flip rece...

ne deka videoto e loso ili neso, ama stvarno se oseka razlika...

 

Објави коментар

<< Home