éS Game of Skate
Викендов во Скопје на Кеј се одржа првиот гејм оф скејт, имаше доста такмичари, публика еден куп, супер собиранка и добра позитивна атмосфера. Поздрав до сите што дојдоа, учествуваа и дадоа подршка. На крај од денот победата ја однесе Перо, May the POP be with you :) клик на сликата за линк до галерија*
flip outЕтикети: info, skate
éS Game of Skate INFO
Етикети: info
éS Game of SKATE Македонија
Едно мало интро за почеток: Играта првпат ја играле Lance Mountain, Neil Blender и John Lucero во 1970, која подоцна била однесена на улица (street) во 1980-тите. Играта се базира на тоа што првиот скејтер пробува трик, ако го направи сите други скејтери што учествуваат треба да го направат. Кој не го направи добива буква С. Следната буква е К и така се додека не се испишат буквите С-К-А-Т-Е и тој скејтер што ги има сите излегува од играта. Кога ќе дојде ред на првиот скејтер пак, пробува трик, ако го направи целиот процес се повторува. Ако тој што пробува прв го промаши трикот, следниот скејтер си пробува негов трик. Ако го направи, следува горенаведениот процес итн. éS Game of SKATE турнирот има неколку правила кои беа креирани од тимот на éS во 2003: Кога се прави трикот треба да се слетува на сите 4 тркала одеднаш со двете нозе на даската. Сите други слетувања (прсти или пета допира земја, разни чудни покрети) се рачунаат за неважечки. Нема допирање на даската и земјата со раце пред и после трик. Значи трикот што се пробува треба да се направи најдобро што може.
Неофицијално, во Сабота, 23 Мај, во текот на целиот ден на добропознатиот ни Кеј, ќе се случува éS Game of SKATE во организација на ExShop и сите заинтересирани. Победникот на Македонскиот éS Game of SKATE турнир оди на финале на éS Game of SKATE во Германија.
Од моја лична страна ова го гледам како малку убава релаксирана скејт забава во која сите можат да учествуваат, малку светло на Македонскиот Скејтбординг, малку морал за младите скејтери...во Скопје се игра СКАТЕ од поодамна, така да не е ништо ново и страшно и мислам дека би пробал и би се пријавил :) За понатамошно инфо и официјален плакат, стеј тјунд.
flip outЕтикети: info
0 Comments:
Објави коментар
<< Home