D Old / Nju Sk8 Spot
Лонг Тајм, ноу апдејт :) Еве не на прагот на пролетта, една нова сезона исполнета со млако време и опојни цветни мириси, возбудливи и драматични случувања на полето на македонскиот скејтбординг...(звучи како интро за лоша шпанска серија нели?) :) Како што се стоплува и зголемува денот така и ние се будиме полека од долгата и студена зима која поради немањето на затворен простор за скејтбординг некако ни се закануваше дека ќе не омлитави начисто, ако потраеше уште некој ден...Покрај убавото време, "драгите" ни центарски административци ни го репарирале споменикот на Гоце Делчев, т.е популарно наречената Фонтана, со нов мермер, клупи, ѕидчиња, уздолнички, прав рај за моите нови тркалца :) Изгледа нестварно добро покрај сите нови грди и лоши спотови кои не се ни употребливи за возење...Како што би рекол Гоце, Ја сваќаме новата Фонтана како место за културни скејт натпревари помеѓу народите кои користат парче дрво со четири тркала :) Клик на сликата за галерија од саботните случувања. GO SK8!!!
flip out
Етикети: skate
6 Comments:
konecno edna pametna rabota u gradov, mnogu pozitivna za skateboardingot konecno dobro mesto klasika za sk8, mesto koe ke dade motivacija za skejt i za scenata da se butne napred,i nekoj od strrana koa ke dojde da ima kaj da go odneses da vozi......... i da nema bunjenje sea slabo mesta za sk8 u skopje hahaa
Stvarno mestovo e za nikade.. bolje nema.. se gleda deka site ne razbudi od zimski son.. samo mene koa ke me razbudi.. haha
da ne ke vozi nekoj denes nedela na ubaviov den tamu ? :)
mora mesto za skejt a? nema vishe ulica
a ulica ne e mesto za skejt?
aj kazete nekoja strana kaj sto moze da se spustaat snowboard videa(pozelno torrent) ?
Објави коментар
<< Home