недела, октомври 21, 2007

Carhartt Tour

Се случи нешто многу добро во нашиот мал град наречен Скопје, Carhartt еден од двата најголеми европски тимови поминува низ Скопје на својата Балканска турнеја...WOW...Околу 15 часот пристигнаа пред eXshop цела банда скејтери, и околу 15.30 веќе се возеше на Кеј...За оваа прилика беа пречекани со brand-new funbox којшто дечките максимално го искористија...RESPECT до Виктор за изградбата на funbox-от...Klewer, Filip, Miha и другит скејтери од тимот го направија Kej-от да заличи на едно од светските места за возење...Се сместија, онака се распослаа на цел Кеј со опремата и почнаа да фрштат трикови навака-натака..Klewer: Switch KFlip Nose Manual, Switch Nose Manual to Fakie KFlip Out, Frontside Feeble на rail-от, Switch B-Side 5-0 на ledge-от, Noseblunt на rail-от, Филип: Ollie i KFlip и BSide Ollie преку цел funbox, Зифи: KFlip BSide 5-0, KFlip BSide NoseGrind, KFlip BSide Grind to BSide Out i 360flip...Летаа , ФРШТЕА трикови насекаде а ние само се насладувавме...хехе...После тоа околу 21.00 часот се случи и презентација пред eXshop на нивното најново видео SPECTRA кое го претстави легендата Scott "Black Arm" Bourne кој лично ни го опиша накратко видеото и ни раскажа за миксот помеѓу скејтот и уметноста кое се преплетува низ него...
Перо ги нашол следниот ден и Klewer снимал линија на МНТ, Wallride Nollie pop out па после 9 скали Switch BSide Ollie... Можеби се појавиме на некое наредно видео...:) Се на се момците и ние супер си поминавме, они ја фатија за Тирана па после за Хрватска со најава и сликање на места за наредна посета па...

флип аут

Етикети:

3 Comments:

At 12:38 попладне, Blogger pero rece...

kolku bese najdobro!!!

 
At 4:20 попладне, Blogger peenuts-igor rece...

Добар текст.. И го украдов за на сајт

 
At 7:30 попладне, Blogger flip rece...

hehe..no problemo...samo da ima povekje vakvi deshavki...Pozdrav

 

Објави коментар

<< Home