среда, јуни 27, 2007

XShop Contest

Пред некој ден имавме убава прилика да видиме и доживееме нешто што го нема во градов веќе поодамна. Еден добар скејт контест. Да се соберат сите, да се подружиме, да падне добра вожња и на крајот од краиштата да се турка и да се стави на мапа македонскиот скејтбординг, damnit. Морам да кажам дека се беше ок организирано, имаше доста скејтери, Озвучување на место и диџејот и водителот, free освежувања, посматрачи еден куп... просто да не ти се верува дека е Скопје. Јас си поминав убаво, се наштракав слики еден куп, а најинтересните се најдоа во следнава галерија, па повелете, кликајте :) Им посакувам на XShop уште еден куп вакви натпревари, што незначи дека и другите шопови треба да седат од страна и да гледаат, нели? За крај се надевам на еден заеднички МЕГА натпревар со гости и наши, но.....

flip out

Етикети: