Daewon Song - Thrasher’s 2006 Skater of the Year
Daewon Song ја заслужи престижната наградата скејтбординг гуру за 2006 година. Завчера беше избран за Trahser 2006 SOTY. На нивниот сајт пишува: Daewon ги претставува најдобрите работи од скејтбордингот... иновација, посветеност, прогрес, „лов“ на нови места за возење, и константен баланс на работ на лудилото наречено скејтбординг. Веќе преку 15 години Daewon не воодушевуваше со својот уникатен пристап кон триковите и стрит возењето, како и незаборавната мини-рамп вожња во Cheese and Crackers. Едноставно не покажува знаци на успорување на темпото со кое се внесува себеси во скејтбордингот. Има само неколкумина вистински легенди во скејтбордингот и уште помалку од нив констатно се подобруваат и после 10 години про кариера. Daewon е еден од нив. Неговата креативност во возењето е надмината само од неговиот великодушен и забавен став. Thrasher магазинот е горд што ја има можноста да го прогласи Daewon Song за скејтер на годината.
[преземено од XMKD]
flip out
Етикети: culture
1 Comments:
Дефинитивно заслужил човеков, вози едно 100 години, се сеќевам на едно старо видео, незнам како се викаше ама здрвуе на крај еден 360флип преку хидрант, лелелелелелеелее...
Објави коментар
<< Home