петок, септември 15, 2006

WHAT THE FUCK???

Приметувам у последно време скејт сценава малце умре. На кеј многу стана монотоно, онака нема жар, нема дремење до касно као порано, немa заебанции, го нема истото дружење. Онака некако се сите поделени, ги нема постариве фаци, некако е тапа атмосфера. Незнам.... може и грешам, баш сакам да остави некој коментар да видам дали само ја така се чувствувам??!!??

pero
live to skate, skate to live

Labels:

11 Comments:

At 9:31 PM, Blogger peenuts-igor rece...

Абе не си сам шо мисли овака,и јас приметувам порано ке дојдоа многу луѓе Стефан Рајхл,Диме,томо, и сите други што не ги набројав,многу од овие што се колку мене не доаѓаат поради причина која неможам да ја кажам овака јавно преку нет,ама се надевам дека се ке се среди и ке биде океј,барем се надевам ! Биди си оптимист и надевај се дека ке биде боље !

 
At 12:53 PM, Blogger pero rece...

... абе добро, али ја зборам за малце од поодамна коа зе возеше на кеј, ја коа бев копиљ, беше многу поинтересно, имаше миљарда луге, имаше и многу шо не возеа скејт али се дружеа, а сеа на кеј еден куп копиљаци само гракаат од страна и нишо не се дешава, треба и постариве да доагаат не мора да возат скејт него да се седи да се заебаваме... мики, мате, мало, марко кај сте??

 
At 5:15 PM, Anonymous joci rece...

Стварно бе, сеа све е поделено и не е ич као порано. И ја не возам коојзнае колку од порано ама пак, имаше времиња коа стварно беше пуно на кеј и немаше гракања као денеска. Многу е тапа искрено.

 
At 7:20 PM, Blogger marko rece...

Јас бев во Осијек, службено :), го видов скејтпаркот во живо лудница е.. а не е многу голем по површина... помал е од тој што беше кај Рамстор, ама боље опремен :)
А за ова што викаш Перо за поделеноста и сценава незнам зашто е така.. Може е нормално со зголемувањето на бројот на скејтерите да почнат да се делат во групи. Исто така е нормално постарите се поретко да доаѓаат... Барем кај нас кај што неможеш да градиш кариера на професионален скејтер односно да живееш од возење скејт, а годините веќе ти налагаат сам да се издржуваш, да идеш на работа и сл. Со тоа слободното времето за возење скејт автоматски ти се сведува на минимум. Битна разлика од предходно, е што постарите скејтери не губат контакт со сцената во таа мера како што беше коа ние бевме помладите :).. Сепак сме тука и ја подржуваме сцената кој колку може и сака иако не возиме. Сега вие што сте на возраст од 18 до 25 сте постарите што треба да ја прават сцената на лице место. :)
А носталгијава што те мавнала е синдром на генерациска разлика :) Сите од постарите имаат поминато низ тоа. Се е супер и интересно додека има постари од тебе што секој ден се возат со тебе има заебанции дружење и.т.н. Ама во ваква неразвиена сцена како што е нашава кога тогаш доаѓа моментот кога стануваш најстар бидејќи твојата генерација лека полека престанува да вози и како што се зголемува генерациската разлика со тие со кој што возиш така и се повеќе се губи дружењето што е и нормално баш поради разликата во годините. Еве да прашаш сеа некој на 14-15 години што вози на кеј сигурно не се чуствува така како тебе.. него баш спротивно, пошто има друштво на своја возраст а и у тие годнини не размислуваш така. Уживај и вози што повеќе додека можеш, а после ќе преминеш во логистика, организација, подршка... ако сакаш нормално:) Еве веќе влегуваш и во таа сфера со формирање и пишување на блогов. И јас ск8мкд го почнав на тие години. Предходно никад не би ми текнало да праам такви ствари пошто се што имаш у главата тогаш е возење скејт:)
Единствен начин да продолжиш со скејт професионално е да се преселиш во америка или европа некаде и да се посветиш на градење про скатер кариера како што направи Марко Јазбиншек од Словенија. Барем за сега. Да се надеваме дека ќе се смени тоа и глобализацијата, интенретот и сл. ќе допринесат да можеш и овде да бидеш професионален скејтер. Ама и да не си профи скејтер коа ќе начукаш 30г. има многу интересни работи поврзани со скејт како што се сликање, снимање, праење видеа, основање скејт фирма, скејтшоп и што уште не.. а возење, онака рекреативно од време на време колку што ќе имаш слободно време. Ете кај сме :)

 
At 2:02 AM, Blogger pero rece...

хехехе, абе разбирам и знам дека коа си постар малце другачие размислуваш и дека имаш поише обврски, работа и слично, и дека имаш се помалце време...., мислам добро е и ова, со мате снимаме еве сајт почнавме да правиме, со тебе марко снимаме исто, xmkd го работиш..... али пак фали она дремење скејтери, постари генерации, помлади генерации, заебанции...., а тоа порано го имаше на кеј и беше многу добри а сега го нема....а ја барем скејт така го свакам.... а не го глеам као некојси екстремен спорт.....али таков период е сеа, затоа треба некој да вози за да има после нови генерации на скјетри, некој ке вози во потежок период, вие сте возеле во уште потежок коа немало ни скејт шоп ни ништо.... тоа е тоа, пополека, поплека ке се дига сцената... ај поздрав!! хехехе

 
At 10:57 AM, Blogger marko rece...

да де јасно, никој е го глеа скејтбордингот како екстремен спорт.. возење, дружење, зезанции, начин на живот.. како што вика графитот што го стегна мате на времето.. уште стои тамо... :) ќе биде уште боље нема кај да иде у друга насока.. нормално е да има периоди на стагнација и сл.. али у генерала иде напред.. :)

 
At 12:57 PM, Blogger pero rece...

еј да бе... абе мате сликно го графитот ептен е легендарен.... мозе да биде као лого за сјатов или барем стај го као слика.

 
At 1:02 PM, Blogger marko rece...

обавезно треба да се сликне тој графит и да се исчисти малце од шкртаниците. и да се логира:) biosquad ејјјј!!! ми текнуе на таа вечер, ја чував стража да не налета некој :)

 
At 1:06 PM, Blogger marko rece...

милсам дека перо во постов мисли на овие времиња:

http://www.xmkd.com/sk8mkd/mak/statii/vesnici/vesnici.htm

 
At 11:49 AM, Blogger flip rece...

Сеа го sирнав постов, викендов не бев дома...Добра тема за разговор Перо, и мое мислење е дека имаш секогаш време за скејт и покрај се што се случува во животов...Кој еднаш се НАВЛЕКОЛ на скејт нема враќање назад...но морам да кажам дека се сложувам и со Марко на темата дека има смена на генерации, но мислам дека јас лично премалку возам скејт и дека тоа не е врзано со работата него повеќе гравитира кон она што го разговараме...Мислам дека секогаш ќе има луѓе коишто ќе се откажуваат но за тие што се упорни и зависни од скејт треба да има многу повеќе "Зошто" за тие да не се откажат...
А и би го прашал Игор да ја наведе причината за недоаѓањето на кеј, пошто сме мала сцена и не би било убаво да се крие нешто што треба јавно да се каже...
"Битна разлика од предходно, е што постарите скејтери не губат контакт со сцената во таа мера како што беше коа ние бевме помладите :)"
СЕ НАДЕВАМ дека ова е така и ако треба до 60 години ке се турка...
SKATE OR DIE

поздрав

 
At 1:11 PM, Blogger flip rece...

А и уште нешо: BIOSQUAD Rules!!!

P.S.фотката ќе се сликне и логира.

flip Out.

 

Post a Comment

<< Home